179
Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, оцени дека новиот пакет санкции на Европската унија против Русија е нелегитимен и дека обидот за притисок врз Москва нема перспектива.
„Советот на ЕУ објави дека ги проширил нелегитимните еднострани санкции против Русија. Така, Европската унија продолжува да се турка во ќорсокак со завидна упорност“, рече таа.