Селаковиќ утре во Охрид го отвара српскиот конзулат

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ утре на 23. јули во Охрид ќе го отвори Конзулатот на Република Србија во овој град.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, на отворањето во Охрид пред гостите, меѓу кои ќе има и претставници од Република Северна Македонија и од Градот Охрид, ќе се обратат министерот Селаковиќ и почесниот конзул Михајло Филев.

Конзулатот се наоѓа на улицата 7 ноември бр. 27, а свеченото отворање е закажано за 10:30 часот, се наведува во соопштението на српското МНР.

Република Србија во јуни донесе одлука за отворање на конзулат во Охрид, а за почесен конзул поставен е Михајло Филев.

Како што е објавено во Службениот гласник на Р.Србија, српскиот конзулат во нашата држава ќе ги опфаќа со работа општините- Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа.

Слични содржини