Федерер загуби најмалку 200 милиони долари

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер загуби најмалку 200 милиони долари, објави швајцарски „Bluewin“. Федерер е акционер на компанијата „Оn“, која се занимава со производство на спортски чевли.

Се шпекулира дека тој поседува три отсто од споменатата компанија, а кога вложил пари во компанијата, цената на една акција била 38,95 долари.

Војната во Украина, пандемијата на коронавирус и други фактори предизвикаа пад на цената на акцијата на 17,37 долари, што му донесе огромна загуба на Федерер.

„Треба да се нагласи дека берзата е непредвидлива и дека со скок на акциите за краток временски период, Федерер би можел да го надомести сето тоа, па дури и да заработи уште побрзо“, пишува „Switzerland Times“.

Роџер Федерер заработи 130.594.339 долари само од наградите на тениските турнири во својата кариера и е трет на вечната листа по заработка зад Рафаел Надал (131.338.131) и Новак Ѓоковиќ (158.996.253).

Слични содржини