Се уште гори во беровско, 100 пожарникари се на терен

од Nikola Popovski
197 прегледи

Пожарот што зафати подрачје меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци се уште е активен.

Ветрот прави проблеми со ставање под целосна контрола на огнените јазици. Состојбата се менува од час во час, изјавил Владо Клинчарски, директор на ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово.

Екстремно високите температури и ветрот повторно ги активирале огнените јазици, иако до пладне на одредени делови бил ставен под контрола.

Тој посочил дека во моментов пожарот го гаснат околу 100 пожарникари од Берово, но и од Виница, Кочани, Радовиш, Струмица и од други градови, како и специјални тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, на Центарот за управување со кризи, полиција, гранична полиција и вработени во „Македонски шуми“.

Клинчарски за МИА истакнал дека сега битката со огнената стихија се одвива само од земја, бидејќи ЕР-тракторот е повлечен напладне по 12 часот кога имаше драстично покачување на температурите.

Слични содржини