Вест Хем постигна договор со Сасуоло за Џанлука Скамака, тврди Sky Sports. Италијанскиот клуб ја прифатил понудата вредна 36 милиони евра плус 6 милиони бонуси. Останува „Чеканите“ да се договорат со играчот околу неговите лични услови, но се очекува тоа да не биде проблем.
Сасуоло сакаше 50 милиони за напаѓачот, за кој интерес имаше и од водечки италијански тимови, но беа одбиени поради високата цена. Понуда даде и Пари Сен Жермен, но таа беше за 30 милиони евра плус бонуси и беше одбиена.
И покрај тоа што се приближи до трансферот на Счамака, Вест Хем останува заинтересиран за Армандо Броја од Челси и разговорите меѓу двата клуба се во тек.
„Чеканите“ работат и на други трансфери. Се чека одговор од Лил за играчот од средниот ред Амаду Онана. Лондончани доведоа тројца играчи од почетокот на летниот преоден рок – дефанзивецот Најеф Агире, кој пристигна од Рен за 30 милиони фунти, голманот Алфонс Ареола од ПСЖ за 7,75 милиони фунти и играчот од средниот ред Флин Даунс од Свонси.