Д-р Даниловски: Пред пикот на ковид-бранот сме, во септември ќе стивне

од Nikola Popovski
691 прегледи

Професорот и епидемиолог Драган Даниловски порачува дека бројките на нови случаи понатаму растат и тоа експлозивно до 18-ти јули.

-После 18-ти имаме позабавено темпо што укажува дека сме пред пикот на бранот, што треба да настапи за две недели. во септември бранот ќе стивне. Ниту еден бран досега се покажа дека не трае повеќе од три месеци,

Тој информира дека според критериумите на Центрите за контрола на болести од САД, влезени сме во жолто ниво на Ковид-19 во заедницата.

-Сепак тоа не значи ништо. Тоа значи само еден показател за надлежните да ја следат состојбатата со притисок врз здравствениот систем. Не постои ризик за преоптоварување на болниците и затоа нови рестриктивни мерки не се потребни. И понатаму треба да остане што досега важеше, како носење маски во јавниот превоз, аптеки, здравствени установи и установи за постари лица, вели д-р Даниловски за Канал 5.

Слични содржини