Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд имаше брилијантно деби за својот нов тим Манчестер Сити по неговиот трансфер од Борусија (Дортмунд) во летото.
Тој погоди за победа од 1:0 над Баерн (Минхен) во меч кој е дел од претсезонскиот камп на двете екипи.
Натпреварот се играше на „Ламбо Филд“ во Грин Беј, Висконсин и започна со задоцнување откако беше примено предупредување за силно невреме кое може да го загрози здравјето на играчите и гледачите на трибините.
Веднаш по голот на Халанд, судијата ги извади играчите од теренот поради силниот дожд и грмотевиците.
По речиси еден час играта продолжи, полувремињата беа скратени на по 40 минути. Сепак, резултатот остана непроменет до крајот и така мечот ќе остане запишан во историјата со успешното деби на Халанд за англискиот тим.
Le premier but de Erling Haaland 🇳🇴 sous les couleurs de Manchester City.pic.twitter.com/IEmCaY3Zzi
— Saidou Bah (@Saidoubah96) July 23, 2022