Архиепископот Стефан: Македонската црковна независност е од големо значење за целата православна црква

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Стефан истакна дека со изборот на патријархот на СПЦ Порфириј е отворена нова страница во односите меѓу црквите, за што се исклучително благодарни и како луѓе и како црква.

„Препознавањето на непобитниот факт за реалноста на македонската црковна независност е од големо значење не само за нас, туку убеден сум и за целата православна црква“, изјави архиепископот Стефан за „Политика“.

Како што додаде, за верниците од С. Македонија „неможноста Евхаристијата да се поистоветува со нашите браќа и сестри од иста вера од другите помесни православни цркви претставува отворена рана, која сега е залечена“.

Архиепископот Стефан истакна и дека е благодарен за „сета помош и поддршка на српската држава кон македонската држава за подадената рака во овие времиња полни со искушенија“.

Слични содржини