Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.07 до 24.07.2022) се направени се 2.989 тестови, а регистриран е 1.261 нов случај на КОВИД-19.
Билансот по градови изнесува: Скопје – 572, Битола – 107, Кавадарци – 75, Прилеп – 64, Охрид – 62, Куманово – 54, Тетово – 44, Велес – 36, Гостивар – 29, Неготино – 27, Струмица – 23, Струга – 22, Кичево – 19, Крива Паланка – 18, Ресен – 16, Штип – 15, Кочани – 12, Гевгелија и Свети Николе – по 9, Дебар – 8, Радовиш и Кратово – по 7, Валандово – 5, Берово, Крушево и Демир Хисар – по 4, Македонски Брод – 3, Делчево – 2, Виница, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 295 реинфекции. Регистрирани сe и 1.085 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 3 дена (22.07-24.07.2022) пријавени се 4 починати лица од: Скопје (69г), Битола (84г), Прилеп (80г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од: Куманово (86г) и Македонски Брод (79г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 26.06.2022 – 01.07.2022г.
Досега во земјата се направени вкупно 2.108.611 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 323.425, бројот на оздравени пациенти е 309.761, на починати е 9.359, а бројот на активни случаи изнесува 4.305