Голем пожар избувна во складиште за нафта во Доњецк

од Stefanija Kuzmanovska

Голем пожар избувна во складиште за нафта во Буденовската област во Доњецк, како последица на гранатирање од страна на украинската армија, пренесува денеска РИА Новости.

Пожарот, со пламен висок десетици метри, може да се забележи во неколку квартови на Доњецк, додека горат цистерни со гориво, а на терен се и припадници на министерството за вонредни ситуации и Народната милиција на ДНР, јави ТАСС.

Засега, според руската агенција, нема пријавени жртви или повредени лица.

Слични содржини