Министерот за надворешни работи Бујар Османи не гледа причина за референдум во врска со преговарачката рамк.
„Освен референдумското прашање не биде дали сте против ЕУ со македонски јазик во него – не знам за што би имало друго референдум, бидејќи сите прашања коишто за нас се важни се обезбедени со овој договор. Јазикот е чист, историските прашања не се одредници за отворање и затворање поглавја и имаме почеток на преговори. Единствено логично прашање на тој референдум би било ‘Дали сте за стопирање на европскиот пат на Република Северна Македонија, притоа загрозувајќи го македонскиот јазик во ЕУ?“. Друга причина за референдум навистина не гледам“,кажа Османи.
Во одговор на прашањето дали би се почитувале резултатите од тој референдум, Османи кажа дека тоа го дефинира Уставот и законите.