Реал Мадрид продолжи со подготовките за новата сезона во која ќе ја брани титулата во Ла Лига и Лигата на шампионите, а на видеото од тренингот се гледа како Антонио Ридигер остро стартувал над Лука Модриќ.
Капитенот на хрватската репрезентација извесно време останал на тревата по стартот на својот нов соиграч.
Ридигер дојде во Мадрид како слободен играч од англискиот Челзи.
Ова не е првпат Германецот вака да стартува на тренинг. Првиот пат го згазна на ногата Еден Азар.
Ридигер минатата сезона настапи на 54 натпревари и постигна четири гола. Во кариерата, покрај за Реал и Челзи, настапуваше и за Штутгарт и Рома.
Rüdiger vs Modrić 💀 pic.twitter.com/WUy5dn1509
— Ele (@EleModric) July 26, 2022