Владата даде согласност за бројот на студенти за запишување докторски студии на Универзитетот на Југоисточна Европа

од Nikola Popovski
168 прегледи

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 65-та седница.

Премиерот и министрите на почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година.

Владата, на предлог на Министерството за образование, одлучи да даде согласност за бројот на студентите кои се запишуваат на трет циклус на студии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во академската 2022/2023 година, како што е предвидено во конкурсот на универзитетот.