ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не бега од референдум

од Берта Китинска
131 прегледи

СДСМ да не бега од референдум, народот мора да има право да одлучи за самиот себе, вели ВМРО-ДПМНЕ.

-Референдумот е врвна форма на демократско изразување на волјата на народот. Ниту едно прашање или процес не смее да биде исклучен од можноста да оди на референдум.Референдумот е апсолутна можност власта да го чуе и имплементира ставот на народот.Ако СДСМ и власта се убедени дека тоа што го прават со бугаризацијата на државата е исправно, тогаш каде е проблемот и зошто бегаат од референдум, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.