Пресврт во случајот со момчето искасапено од пропелери во Грција: Селфито не е причина за трагедијата?

од Stefanija Kuzmanovska

Пријателите на британскиот турист кој загина во бизарна несреќа во Грција, кога по слетувањето бил искасапен од пропелери на хеликоптер, ги отфрлиле тврдењата дека на младиот човек телефонот му го одвлекол вниманието пред да почине.

Џек Фентон (22) почина во понеделникот попладне кога одел зад хеликоптерот „Бел 407“ чиј мотор сè уште работел. Тој и тројца пријатели се враќале со хеликоптер од Миконос во Атина, додека неговите родители биле во друг хеликоптер. На аеродромот ги чекал авионот кој требало да ги врати во Велика Британија.

Грчките истражители вчера соопштија дека младиот човек истрчал назад на асфалтот откако безбедно се симнал за да направи селфи, и покрај предупредувањата од екипажот, и случајно налетал на пропелер.

Меѓутоа, неговиот пријател Џек Стентон Гливс (20), кој бил во хеликоптерот со жртвата и уште двајца пријатели, ги отфрлил тврдењата дека Фентон се вратил да направи селфи.

– Кога излеговме од хеликоптерот не беа дадени никакви инструкции и никој не не испрати. Сè што направија е што ни ја отворија вратата – рекол тој, пренесува Daily Mail.

Тој рече дека само излегле од хеликоптерот и никој не го спречил Џек да оди до задниот дел од хеликоптерот.

– Никој од нас не пристигна во салонот пред да се случи несреќата. Слушнав луѓе кои велат дека Џек бил на телефон и се стрчал назад кон хеликоптерот, тоа не е точно. Не беше на телефон, не знам зошто сврте кон задниот дел од хеликоптерот“, рече Стентон.

Пилотот на хеликоптерот и уште двајца техничари беа уапсени вчера, но беа ослободени откако наводно сведочеле дека Џек бил придружуван до аеродромот пред да истрча надвор.

Слични содржини