Собрание ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО, против гласаа 2 пратеника

од Берта Китинска
193 прегледи

Македонското Собрание денеска ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО.

„За“ гласаа 103 пратеници, а „против“ беа двајца пратеници.

За да станат Шведска и Финска членки на НАТО потребно е сите 30 членки да ги ратификуваат протоколите, а пред Македонија тоа го направија 17 други членки.

Шведска и Финска поднесоа барања за членство во Алијансата по почетокот на руската аграсија врз Украина.

Слични содржини