Барањата на бизнисот за струјата, стапуваат во сила со прогласување на енергетска криза

од Берта Китинска
163 прегледи

Прифатени се речиси сите барања на бизнис секторот за електричната енергија, а ќе стапат во сила од 1 август, со воведувањето на кризната состојба која веќе беше најавена, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши по работната средба со претставниците на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на која присуствуваше и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.

Министерот Бектеши информира дека Владата претходната недела ги добила предлозите од Комората и тие веќе се разгледани од институциите, а разговарано е и со РКЕ.

„Повеќето од мерките, да не кажам 100 отсто, се прифатливи и ќе почнат со спроевдување еведнаш, од почетокот на август, со прогласувањето енергетска криза зашто само тогаш Владата ќе може да носи одуки и да му излезе во пресрет на стопанството. Нашите очекувања се дека РЕК ‘Битола’ од октовмри ќе работи со трите блока, „Осломеј” ќе рабои со половина капацитет, а почна и испораката на мазут од Грција за ТЕЦ ‘Неготино’ која најпрво ќе почне со работа со првиот котел, а ќе се направат и сите подготовки за да се стави во функција и вториот котел“, истакна Бектеши.