Стивен Џерард на клупата на Астон Вила пристигна кон крајот на претходната сезона и за многу кратко време покажа дека е сериозен тренер.
Човекот кој по една деценија му ја врати титулата на Ренџерс реши да постави ригорозни правила, кои ќе ја подобрат дисциплината на тимот.
Aston Villa's fine list for the season 👀
Some of these rules are brilliant 😅 pic.twitter.com/qCgyxvjgUs
— SPORTbible (@sportbible) July 27, 2022
Џерард има одредена цел пред себе со својот нов клуб, а сето тоа е зачинето со „цврстата рака“ на тренерот, кој ќе го казни својот тим кога ќе направат макар и помал прекршок.
На пример, ако некој доцни на тренинг, ќе биде казнет со 600 евра, ако остави чинија на маса, ќе плати 120 евра, ако заборави да донесе колачи за роденден, ќе треба да плати 60 евра за ден доцнење…
Се чини како да доаѓа ново време за тимот на Астон Вила.