Јунајтед го претстави својот нов дефанзивец

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Манчестер Јунајтед официјално го претстави Лисандро Мартинез. 24-годишниот дефанзивец пристигнува од Ајакс за 57 милиони евра плус 10 милиони бонуси. Аргентинецот потпиша 5-годишен договор, а клубот има опција да го продолжи за уште една година.

„Чест е да се приклучам на овој голем клуб. Работев напорно за да стигнам овде, а сега ќе работам уште повеќе. Имав среќа да бидам дел од успешни тимови и сакам да продолжам во Манчестер Јунајтед. Целосно верувам дека со овој менаџер и персонал, заедно со моите нови соиграчи, ќе успееме. Сакам да им се заблагодарам на Ајакс и нивните навивачи за поддршката. Поминав неверојатно време таму, но чувствувам дека е вистинско време да се пробам во друга средина. Сега сум во совршениот клуб за да го направам тоа“, сподели Мартинез.

Репрезентативецот на Аргентина, кој го носи прекарот „Касапот од Амстердам“, ќе добива плата од 120.000 фунти неделно. Тој е третото летно засилување на „црвените ѓаволи“ по левиот бек Тајрел Маласија и Кристијан Ериксен. Од доаѓањето на Мартинез, клубот сега има седум играчи на таа позиција, а Тен Хег се надева дека ќе се раздели со Ерик Баји, Фил Џонс и Аксел Туанзебе пред затворањето на преодниот рок.

Слични содржини