Петров: Нотарските изјави на пратениците не важат, важно е нивното убедување

од Nikola Popovski
210 прегледи

Поранешниот пратеник и член на СДСМ, Андреј Петров потенцира дека пратениците во Собранието се колнат пред Уставот и граѓаните што ги избрале.

-Важно е нивното убедување во одреден момент. Тука не вредат нотарските изјави да ги потпишуваат. Има многу примери од земји кога со поддршка на гласови од другата страна, се протуркани значајни работи. Пратениците одлучуваат автономно. Ние не можеме да кажеме што ќе се случува. Ние мораме да влеземе во тој процес и да ги завршиме нашите обврски кои сме ги преземале. Моето мислење е дека темата е издигната високо на рамниште кое не го заслужува. Темата да се промени во Уставот во делот на етничките заедници е тема за која подолго време се дебатирa. Начинот е да се отиде напред, а за реципроцитет ќе се борите ако сте рамноправни. Тогаш ќе ви тежи гласот, рече Петров во емисијата „Само вистина“ во однос на прашањето дали дел од опозициските пратеници ќе ги поддржат уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

Слични содржини