Граѓаните и институциите да штедат струја со цел да се намали товарот врз ЕСМ, апелира Бектеши

од Nikola Popovski
223 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информираше во функција ќе биде ставен и третиот блок на РЕК Битола, во пресрет на, како што рече, една од најтешките зими во последните децении.

-Целата претходна зима ја поминавме со двата блока во РЕК Битола и во одредени периоди работеше и блокот во Осломеј, а како замена го вклучивме ТЕЦ Неготино, кој не е вклучен од 2009 година, за да произведува електрична енергија. Оваа година дополнително на тоа ќе се стави во функција третиот блок во РЕК Битола. Веќе ЕСМ, согласно сите информации, склучил договор за да се направи ремонт на трансформаторот, а дополнително ќе набави и друг трансформатор во случај да не се повтори таква хаварија, нагласи Бектеши во интервјуто за Дневникот на Тв Сител.

Тој појасни дека при крај сме со набавката на соодветните количини на мазут и јаглен со цел да се зголеми домашното производство на електрична енергија.

-Граѓаните и институциите да штедат електрична енергија со цел да се намали товарот врз ЕСМ и да има можност вишокот на електрична енергија да го насочи кон стопанството, појасни Бектеши и додаде дека во моментот кога ќе се прогласи кризна состојба може да им се наложи на институциите кои се под надлежност на Владата да штедат енергија, а за граѓаните ваквите апели ќе биде во форма на препораки.

Слични содржини