Пол Погба може да го пропушти Светското првенство во Катар годинава, информира „Газета дело спорт“. Францускиот играч за врска летово се врати во Торино и пред само неколку недели почна да тренира со тимот, но заработи повреда на латералниот менискус. Првичните прогнози беа многу пооптимистички и се веруваше дека со конзервативен третман ќе може да закрепне за неколку недели.
Последователно, сепак, дополнителните испитувања покажаа дека повредата е посериозна и допрва ќе се направат голем број консултации со специјалисти, по што ќе биде донесена конечна одлука, но речиси сигурно е дека ќе се изврши хируршка интервенција. Се очекува тој да биде опериран во Лос Анџелес, каде ќе остане на дел од опоравувањето.
Тоа значи дека Погба ќе закрепнува минимум помеѓу 40 и 60 дена, по што доколку се биде во ред, ќе мора постепено да се враќа на тренинзите. Ова е дел од причината зошто челниците на Јувентус сериозно размислуваат да отворат преговори за Леандро Паредес од ПСЖ, кој беше актуелен во последните денови.