Премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, ја искритикува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека нема домашно воспитување.
-Може да довикувате, да свирите со вувузели, да вришите, да палите. Јас сум овде по покана на претседателот на Собранието. Човек може да добие формално образование, но ако има дупка во домашно воспитание, тука не може да помогне ниту една образовна институција. Најлошо е кога такви луѓе примаат плата да воспитуваат нови генерации.Треба да се срамите од вашето однесување во Собранието.РСМ одржа прва меѓувладина конференција, македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка и затоа треба да бидат горди сите 68 пратеници кои кренаа рака. Во однос на вашата политика која ја правевте тука со палење и ширење невистини, тоа не личи на демохристијанска партија и со какви зборови се обративте до претседател на Европската комисија. Тоа го има направено во Европа само еден политичар во северна соседна држава.
Вашето барање за референдум е исклучиво за ваша партиска употреба. Политиката која ја водите на штитење на интереси на трети држави е најпогубно нешто што може да им се прави на граѓаните. вие не знаете какво референдумско прашање сакате, кажа премиерот.
Додека Ковачевски одговараше на прашањата, опозициските пратеници му довикуваа „лажеш!“.