Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ цо интервју за порталот „Аутономија“ изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“, која позитивно е оценета од премиерот Дритан Абазовиќ, е „многу контроверзна“.
„Станува збор за алтернативно сценарио за иднината на Западен Балкан надвор од ЕУ. Што не ни треба. Ни треба членство во ЕУ. Тие што не го гледаат нашиот регион во Европа, не гледаат мултиетничка демократија ниту на Балканот. Им се допаѓа идејата за промени на границите, етничка и верска хомогенизација во рамките на проширените држави. Како и обично, сè почнува традиционално од српска страна, овој пат со „српскиот свет“. И продолжува, автоматски, со истите големо државни лудории“, вели Ѓукановиќ.
На прашањето дали се знае како тоа завршува, црногорскиот претседател вели дека тоа ќе донесе до исчезнување на некои земји од Западен Балкан.
„Треба да заврши со исчезнувањето на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија. Но, сигурно е дека ќе завршеше со војна и уште неколку геноциди“, посочи тој.