205
83-годишен жител на неготинско село бил измамен откако наместо размена во странски валути, добил празна чанта.
-Вчера 83-годишен жител на неготинско село пријавил во Полициска станица Неготино дека на автобуската станица во Неготино бил измамен од едно лице, кое се претставило дека е од Гостивар, за сума од 14.800 денари. Според пријавеното, лицето го замолило да му даде денари, затоа што имал странски валути. Тој му дал пари, а лицето му оставило заклучена чанта и му рекло дека во неа се странските валути, по што заминал. Подоцна, откако ја отворил чантата видел дека во неа нема пари и сфатил дека е измамен, соопштија од СВР Велес.