Претседателот Стево Пендаровски информираше дека попладнево го потпишал Указот за прогласување на Законот за ратификација на Протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО.
-Ратификацијата на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за членството на Шведска и Финска во НАТО ја потврдува нашата поддршка за политиката на отворени врати. Проширувањето на Алијансата со двете земји е придонес кон колективната безбедност на евро-атлантскиот регион, објави Пендаровски.
Собранието вчера без дискусија и расправа ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО.
„За“ гласаа 103, а „против“ двајцата пратеници од Левица, од вкупно 105 присутни во македонскиот Парламент, кој има 120 пратенички места.
Ова е првпат Собранието да ги ратификува протоколите на новите земји аспиранти за членство во Алијансата, откако Македонија стана 30-та членка на НАТО во март 2022 година.