Новинарот Васко Ефтов смета дека францускиот предлог не е на страна на Бугарија.
-Французите историски никогаш не биле на страна на Бугарите. Кога ние би преговарале со Србите, тогаш би можеле да шпекулираме дека Французите се наклонети на Србите. Сите тајни документи на НАТО за бомбардирањето на СР Југоласија се преку француски канали дојдени до Србија или тогашна СР Југославија. Францускиот договор беше правен во тајност и во Скопје и во Софија и прво им беше даден на Бугарите за да може да бие усвоен од бугарскиот парламент, бидејќи таму беше закочен процесот, вели Ефтов во емисијата „Само интервју“.
Ефтов појаснува дека кога се тргне блокадата во бугарскиот парламент, тогаш „Македонија стапи на сцена со две-три барања, кои требаа да бидат вградени во предлогот и тоа се случи“.
-Бугарското прашање е второто тешко прашање после грчкото. Бугарските медиуми ги читаме и тоа не иритира. Ова незадоволство не е во однос на францускиот предлог. За нас е понижувачки дека Бугарите се пред нас, тоа е тешко да го сфати македонското општество. Тешкото прашање е дека треба да тропнеме на врата и таму стојат Бугарите, ќе ни се обратат на бугарски јазик и да ни постават услови. Лесно е да отвориме на белградска врата. Излага Каракачанов, Захариева и тоа тешко може да го свари македонската јавност, констатира Ефтов.