228
На неколку гранични премини патничките возила се задржуваат и до два часа, додека камионите на излез од државата чекаат два часа кај Прешево за влез во Македонија, соопшти денеска Автомото сојузот на Србија (АМСС).
Од таму информираат дека патничките возила кај Прешево за излез од Србија чекаат и до еден час.
Според Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) на Табановце исто така се чека и до еден час.
-Од 40 до 60 минути е времето на чекање за влез во земјава попладнево на граничниот премин „Табановце“, велат од АМСМ.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.