Попоски: Нашата преговарачка рамка е дефинирана според бугарски барања

од Nikola Popovski
311 прегледи

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Попоски смета дека францускиот предлог е маркетиншки трик.

-Се нарекува така за да има подобар пристап. Разликата е тоа што нашата рамка е дефинирана според бугарски барања. Во нашиот случај, рамката е целосно дефинирана од една земја-членка. Предусловите за да почнете преговори се дефинирани од Бугарија. Претпоставката е секако ќе треба време за уставните измени. Треба да сме на чисто – можете да го смените Уставот, а повторно да ја немате Втората меѓувладина конференција поради евентуално неисполнување на условите во Протоколот со официјална Софија, рече Попоски во емисијата „Клик плус“.

Тој смета дека битното е дека сакаме во ЕУ поради повеќе фондови и поголем пазар.

-Писмени гаранции за влез во ЕУ нема никогаш да добиеме, затоа што веќе во пракса сме го виделе тоа. Ако ни дадат, ќе биде шетање по керамиди. Разликата е доколку знаеме што сакаме да постигнеме, но треба да зацртаме одредени линии до каде можеме. Тука е ризикот од немање гаранции, порача Попоски.

Слични содржини