Обвинителството бара осум години и два месеца затвор за Шакира

од Stefanija Kuzmanovska
343 прегледи

Обвинителството го официјализираше обвинението против колумбиската пејачка Шакира со кое бара казна затвор од осум години и два месеца за шест кривични дела против Управата за финансии.

Откако исчезна можноста за договор – Шакира ја одби последната понуда што значеше избегнување затвор – констатирано е дека пејачката проневерила 14,5 милиони евра, пишува „Ел Паис“.

Покрај затворската казна се бара и плаќање на висока парична казна, повеќе од 23 милиони евра.

Шакира силно го критикуваше Обвинителството кое го обвини дека е „непопустливо“ и дека користи „несоодветни средства за притисок“ и побара ослободителна пресуда.

И покрај медиумската експонираност, таа е решена да оди до крај, објавија извори блиски до пејачката.

Слични содржини