Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде денеска на Твитер објави дека две третини од земјите на НАТО го ратификувале протоколот за пристапување на Шведска и Финска во Алијансата.
„Две третини од сите сојузници на НАТО го ратификуваа протоколот за Шведска и Финска. Благодарни сме за вашата поддршка и брзата ратификација. Ние сме НАТО“, напиша таа на Твитер и особено ѝ се заблагодари на Црна Гора за ратификацијата.
Ен Линде наведува дека протоколот досега го ратификувале Албанија, Белгија, Бугарија, Канада, Хрватска, Данска, Естонија, Германија, Исланд, Латвија, Литванија, Луксембург, Црна Гора, Холандија, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Романија, Словачка и Велика Британија.