Попоски : Вметнувањето на Бугарите во Уставот не е трагедија

од Берта Китинска
260 прегледи

Не е трагедија отворањето на Уставот и вметнувањето на Бугарите во него, смета поранешниот министер за надворешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски.

„Јас лично не сметам дека тоа е трагедија. Ако ние како држава сме се дефинирале дека обезбедуваме определени права за сите, нема причина некого да исклучуваме од тоа. Има многу пофлагранти примери од оној со Бугарите, на пример во Хрватска вие имате ситуација во која нашата заедница е целосно призната, добива фондови од државата, а кај нас на пример не се ни спомнати во Устав и ги немаат тие привилегии – вели Попоски за ТВ 21.

Ако имаме позитивен и коректен однос од страна на Софија, Попоски вели дека не би се грижел доколку Бугарите бидат впишани во Уставот.

Слични содржини