Снимки од пожарот во Мармарис: Огнот зафати хотел, гостите се евакуираат

од Берта Китинска
201 прегледи

Пожарот што денеска избувна во турскиот град Ичмелер кај Мармарис почна да се шири, а пожарникарите беа принудени да работат од воздух и од земја.

Пожарот зафатил хотел, туристичко училиште и вила.

Во тек е евакуација на туристи од седум вили. Во пожарот се оштетени три автомобили, а евакуирани се 13 куќи.

Причината за пожарот се уште не е позната, но со оглед на сцените од Турција минатата година, се сомнева дека пожарите се подметнати.

Во гаснењето на пожарот се вклучени осум хеликоптери и пет канада.