На својот канал на Јутјуб, актерот Вилм Смит повторно се обиде да му се извини на комичарот Крис Рок за шамарот на Оскарите.
„Разговарав со Крис и ми беше кажано дека не е подготвен да разговара со мене и кога ќе биде, ќе бидеме во контакт. Затоа, ти велам, Крис, извини и прости. Моето однесување беше неприфатливо и тука сум секогаш кога сте подготвени да разговарате“, рече Смит.
Актерот објасни и зошто не му се извини веднаш на Рок.
“Во тој момент бев збунет. Ништо не ми беше јасно”, рекол тој и испратил посебно извинување до семејството на комичарот, поточно неговата мајка и брат:
“Го видов интервјуто што го даде неговата мајка. Тоа е една од работите во тој момент што не ги разбрав и не размислував. Тогаш многу луѓе беа повредени. Затоа сакам да и се извинам на мајката на Крис, да извини му на неговото семејство, а особено на Тони Рок.“, кажал Смит.