Медиумски магнат на 91 година ужива на плажа: Манекенка му помога да излезе од вода (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Мултимилијардерот Руперт Мардок е фотографиран на една од плажите на Барбадос со својата нова девојка.

Мардок моментално ужива во љубовта со Ен Лесли Смит, со која започна врска по разводот од Џери Хол.

Парот се запозна во ноември минатата година, а папараците сега ги фотографираа на плажа.

Ен Лесли (66) носела жолт костим за капење и му помагала на својот партнер (91) да излезе од водата.

Двајцата наводно пристигнале на егзотичниот остров на покана на британскиот милијардер Ентони Бамфорд.

Преку неговата компанија News Corp, Мардок поседува голем број медиуми, вклучувајќи ги британските таблоиди The Sun и The Times, додека во Америка стои зад The ​​Wall Street Journal, New York Post и Fox News.

Слични содржини