Се ближи пикот, повеќе од половина од тестираните се позитивни на ковид

од Берта Китинска
225 прегледи

Земјата е пред пикот со четвртиот бран на Ковид-19. Дека вирусот забрзано се шири покажуваат секојдневните здравствени билтени.

Ако се гледа според искуството на досегашните бранови на зараза со ковид-19, сега се наоѓаме пред пикот на моменталниот бран, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали.

-Секојдневно имаме благо зголемување на новоинфицирани во државата. Ова е период на туризам, наши граѓани одат на странство и се враќаат странци кај нас. Скопје сè уште е жариште, црвена зона во однос на новозаразени, новоинфицирани лица, но во однос на оптоварување на системот сè уште сме во жолта зона. Од искуството на четирите брана, кои траат по 8 недели секој бран , ние сме во третата, односно идната недела во четвртиот бран пред пикот на новоинфицирани, но со ковидот не сме никогаш на сигурно, нагласи Сали.

Вчера позитивни на ковид се 53,3 отсто од тестираните, или 855 од 1.602 тестови, од кои 189 реинфекции, соопшти Министерството за здравство. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин се регистрирани две починати лица, по едно починато лице од Битола (85г) и Кочани (71г), двете лица се починати во болнички услови, лицата за починати се пријавени во период од 22.07-27.07.2022 година.

Слични содржини