Мицкоски очекува поддршка од Пендаровски за референдумот

од Берта Китинска
147 прегледи

Очекувам Пендаровски да излезе јавно со став со своите соработници ќе излезе на референдумот и ќе го поддржи, ќе гласа, а ќе гласа нормално според своето убедување -дали треба да продолжиме под овие услови, под услови на диктат или ќе треба да продолжиме под некои поинакви услови кои ние како ВМРО-ДПМНЕ и останатите би рекол, опозициски партии но и други кои се партии во власта и слободномислечки пратеници мислат дека треба да продолжи Македонија, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при денешната посета во општина Петровец.

-Односно, да не бидеме под диктат, под закана за асимилација во 21 век повторно, во современа Европа, во Европа во која што треба да има рамноправност, во која ќе треба вредностите да победуваат и демократските вредности се разбира, вредностите на 21 век, ние сѐ уште да се плашиме и да се бориме за нашиот идентитет. Така што, тоа е одговорот на вашето прашање поврзано со референдумот. Очекувам поддршка од претседателот Пендаровски, но очекувам поддршка и од останатите политички партии да излеземе и да видиме каква иднина треба да има нашата Македонија – рече Мицкоски.

Во врска со изборите, Мицкоски рече дека тие се на ставот дека оваа влада е исклучително корумпирана, неспособна и нема визија и треба час поскоро да замине и затоа било кој термин кој не може да се доведе во врска со референдумското изјаснување за нив е добредојден и подготвени се да излезат на избори и освојат мнозинство, мнозинство во кое ќе нема уцени и ќе се исправат грешките кои се случија во изминатите пет години. Во однос на активната блокада, Мицкоски рече дека се спречиле многу законски решенија како на пример злоупотребата на опојните дроги, измените во законот за работни односи со кој требаше на голем број партиски судии и обвинители да им се продолжи работниот стаж, законот за коцкање и уште многу закони кои активната блокада ги спречила.

– Секој оној од владата која сака да се консултира, подготвени сме да појдеме на состанок, во Клубот на пратеници, на нова лидерска средба да разговараме и да го утврдиме референдумското прашање. Јас веќе на следната седница на Извршниот комитет ќе излезам со позиција откако ќе завршат консултациите и со коалициските партнери бидејќи на крај сакам да го слушнам и нивното мислење, многу значаен сегмент од коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, да излеземе пред членовите на ИК, на ЦК и во секое време на владата и стоиме на располагање да разговараме за референдумското прашање. Нема бегање од ова.

Слични содржини