Покачувањето на цената на парното, е пљачка. Граѓаните, од прилика за двособен стан ќе плаќаат годишно од 70 до 100 евра повеќе, а оние кои што се во три ипол собен или поголем стан, ќе плаќаат повеќе од 100 до 120 евра годишно за парно, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професорот д-р Христијан Мицкоски.
-Парното годишно е поскапено повеќе од 50%, само сега е 15% и тоа е поради лоповлукот. Повторно ќе кажам, поради пљачката која што ја прави владата, злоупотребувајќи ја енергетската кризна состојба и договарајќи тендери во четири очи, рече Мицкоски.