Мицкоски подготвен за лидерска средба за референдумското прашање

од Берта Китинска
90 прегледи

Прв поддршка да се одржи референдум да даде шефот на државата Пендаровски, побара денеска Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој е подготвен да го усогласува референдумското прашање поврзано со францускиот предлог и протоколот со Бугарија со власта на лидерска средба

-Политичките партии, академската и стручна јавност, универзитетите, граѓаните, сите да поддржат референдумско решение – дали сакаме Македонија да се движи кон европска асимилаторска иднина или по патот на европските вредности. Очекувам Пендаровски да излезе јавно со став со своите соработници ќе излезе на референдумот и ќе го поддржи, ќе гласа, а ќе гласа нормално според своето убедување -дали треба да продолжиме под овие услови, под услови на диктат или ќе треба да продолжиме под некои поинакви услови кои ние како ВМРО-ДПМНЕ и останатите би рекол, опозициски партии но и други кои се партии во власта и слободномислечки пратеници мислат дека треба да продолжи Македонија, вели Мицкоски.

Кристално јасно е дека Христијан Мицкоски е против членството во ЕУ и сите негови активности се насочени исклучиво против ЕУ, се наведува во реакцијата на СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски .

Оттаму посочуваат дека и самиот Христијан Мицкоски јавно кажа дека е против Европската унија.

Мицкоски стана едно со Димитар Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ стана едно со Левица, проруска партија која е против НАТО и ЕУ.Граѓаните гледаат дека тие анти ЕУ изјави почнуваат да доминираат во секој настап на Христијан Мицкоски, откако му паднаа во вода сите лаги, блокади и крвави сценарија.Проблемот на Мицкоски е што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ.Референдумот кој го најавува Мицкоски а за кој не ја знае ниту формата, ниту пршањето служи само за лична внатрепартиска употреба, велат од владејачката партија.