Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата ги повика жителите на регионот Доњецк да се евакуираат за да избегаат од „рускиот терор“ и бомбардирањето на областа на исток, додека Киев ги повика Црвениот крст и ОН да ги посетат војниците заробени од руските сили во областа.
Русија, продолжувајќи го судирот со Западот, во саботата повторно ја намали испораката на гас за Европа, прекинувајќи ја испораката на Летонија.
„Владата донесе одлука за задолжителна евакуација на регионот Доњецк“, рече Зеленски во видео пораката во вечерните часови. „Ве молиме евакуирајте се!“ побара тој.
„Во оваа фаза од војната, теророт е главното оружје на Русија“, посочи тој.