Ковачевски ќе го пречека Санчез со највисоки државни почести

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Pретседателот на Владата на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон ќе пристигне во еднодневна официјална посета на нашата земја.

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со владина делегација во состав од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе ја пречекаат шпанската владина делегација предводена премиерот Санчез, со највисоки државни почести, во 17:00 на платото пред Владата на Република Северна Македонија.

Посетата ќе заврши со заеднички изјави во 18:00, од страна на премиерите Ковачевски и Санчез, соопштија од Владата.

Слични содржини