Челси го известил раководството на Барселона дека наскоро ќе упати официјална понуда за Френки де Јонг, пренесува каталонскиот весник „Спорт“.
Сето ова доаѓа во позадина на постојаните уверувања од Шпанците дека не сакаат да се разделат со фудбалерот.
И самиот Де Јонг не сака да замине, поради што се чини дека пропадна неговиот очекуван трансфер во Манчестер Јунајтед од каде што понудија солидна сума – веројатно околу 80 милиони евра.
Холанѓанецот сепак ќе се соочи со тешкотии на „Камп Ноу“ бидејќи одбива да ја намали платата, а тоа се наметнува како сериозен проблем за клубот.
Според „Спорт“, Де Јонг претпочитал трансфер во Челси наместо во Манчестер Јунајтед.