Фирмино: Сакам да останам во Ливерпул

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Роберто Фирмино одговори на шпекулациите дека би можел да го напушти Ливерпул. Интерес за него има од Јувентус, а Бразилецот има договор со „црвените“ на уште една година.

Јирген Клоп нема желба да се раздели со него, но според англиските медиуми тој ќе биде пуштен ако сака да си замине.

Фирмино вчера стартуваше на мечот за „Комјунити шилд“ кој Ливерпул го доби со 3:1 против Манчестер Сити. По натпреварот тој беше прашан од бразилски новинар за неговата иднина.

„Го сакам овој клуб, градот и навивачите. Сакам да останам, секако“, одговори Фирмино.

Слични содржини