Премиерот на Косово, Албин Курти вечерва изјави дека наредните часови, денови и недели ќе бидат предизвикувачки и проблематични бидејќи, како што рече, Приштина се соочува со српски национал-шовинизам.
Тој во видео-обраќање на Фејсбук рече дека српските „нелегални“ структури ги блокирале патиштата пред почетокот на издавањето документи за влез и излез од Косово.
Курти ги обвини српскиот претседател Александар Вучиќ и директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, за актуелната ситуација на северот на Косово.