Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски ја отфрли иницијатава на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за преговорите со ЕУ, како нерелевантна и исклучиво мотивирана од внатрешно политички потреби на ВМРО- ДПМНЕ и , како што рече, нивниот коалициски партнер Левица. Очекува уставните измени, кои се услов за отворање на преговарачките кластери, да бидат донесени во Собранието.
– Оваа држава од денот на одржување на првата меѓувладина конференција го започна патот за зачленување во ЕУ. Од тој пат нема назад, нема ниту лево, а уште помалку десно односно кон истокот, така што сосема е нерелеватно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за некаков референдум кое треба да биде изјаснување против зачленување во ЕУ… Затоа пратениците коишто ги претствуваат граѓаните треба да бидат на ниво на својата задача и сите одлуки кои треба да се носат во однос на зачленувањето во ЕУ вклучително и закони и Уставни измени да ги носат во интерес на граѓаните. Ќе повторам уште еднаш највата за референдум е исклучиво за внатрешно-политички прашања во ВМРО-ДПМНЕ и за ништо друго, кажа Ковачевски.
По овие изјави, реагираше ВМРО ДПМНЕ велејќи дека „со противењето за референдум Ковачевски го множи народот со Нула, додека пак народот ќе му покаже дека тој е Нула“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта бегаа кога требаше да се соочат со своите колеги од опозицијата кога се гласаше за доверба на Владата, „а бега и сега од соочување со граѓаните на референдум“.
-Консултациите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги прави течат, многу скоро веќе на следната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговараме на оваа тема, но и многу скоро од денеска јавноста ќе ги знае нашите чекори кон референдумското изјаснување – изјави Мицкоски.