Американската актерка Нишел Николс почина денеска на 89-годишна возраст.
Синот на легендарната Нишел, Кајл Џонсон ја сподели тажната вест на својата официјална страница на Инстаграм.
Кајл објави фотографија од ѕвездата на актерката на Булеварот на славните во Холивуд покриена со цвеќиња.
„Пријатели, обожаватели, колеги, со жалење ве известувам дека за нас веќе не свети голема светлина на сводот како толку многу години. Синоќа почина мајка ми, Нишел Николс, од природна смрт“, напиша синот на актерката.
Нишел се прослави со улогата на поручник Ухура во „Ѕвездени патеки“ и беше една од најомилените членови на заедницата „Ѕвездени патеки“.
Она што ја направи особено препознатлива е рушењето на бариерите и стереотипите кои постоеја кога станува збор за црните жени на телевизија.