Санчез: Со признавањето на Косово прекршено е меѓународното право

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска во Тирана изјави дека признавањето на независноста на Косово е кршење на меѓународното право и рече дека Мадрид не може да го прифати тоа.

„Сметаме дека тоа е еднострано прогласување независност и мислиме дека тоа е кршење на меѓународното право, така што не можеме да го прифатиме. Тоа го велиме со сета почит што ја имаме кон албанскиот народ“, рече Санчез на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

Шпанскиот премиер посочува дека е нормално да има несогласувања меѓу две пријателски земји како Шпанија и Албанија, но дека има несогласување околу признавањето на Косово.

Слични содржини