Светот се згрози: Фудбалер удри судијка во глава, сите останаа шокирани (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
265 прегледи

Срамен инцидент се случи на натпреварот од регионалната лига Буенос Аирес помеѓу Гарменсе и Депортиво Индепендиенте.

Фудбалерот на Гарменсе, Кристијан Тироне, додека трчал, од позади ја удрил судијката Далма Кортада во глава.

Таа му покажала жолт картон на локален фудбалер, по што се создало голема гужва на средината на теренот.

Фудбалерите на Гарменсе протестирале, па Далма морала да додели уште неколку жолти картони.

Фудбалерот набрзо е уапсен и ќе одговара за напад врз службено лице, насилство на спортски терени, давање отпор при апсење и насилство врз жени.

По срамната сцена, натпреварот беше прекинат, а домашниот клуб јавно и се извини на судијата Далма Кортада. Тоа е најмалку што можеа да направат, бидејќи однесувањето на нивниот играч го шокираше светот.

Слични содржини