МНР со сочувство: Митрева ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност

од Nikola Popovski
185 прегледи

Вработените во Министерството за надворешни работи со големо жалење ја примија веста за смртта на Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи.

-Митрева остави голем печат врз работењето на Министерството. Ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност во остварувањето на надворешно-политичките приоритети, заштитата и промовирањето на интересите на државата. За време на нејзиниот мандат, посебно место зазема добивањето на кандидатски​от статус за членство во Европската унија. Митрева, која беше иницијатор и за донесување на првиот Закон за надворешни работи, постави високи стандарди во во секојдневното работење, давајќи личен пример со својот безрезервен ангажман, за што беше ценета и уважувана од вработените.

Министерството изразува најискрено сочувство до нејзиното семејство, стои во соопштението од МНР.

Слични содржини