Ремзи брзо најде нов тим

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Само една недела откако со заедничка согласност го раскина договорот со Јувентус, играчот од средниот ред Арон Ремзи потпиша договор со својот нов клуб. Станува збор за Ница, од каде доцна синоќа го објавија потписот на велшкиот интернационалец. Иако францускиот клуб не го откри времетраењето на договорот меѓу двете страни, според Николо Шира, тоа е до летото 2025 година.

Ремзи помина три години во гигантот од Торино во кои забележа 69 настапи со 6 гола и 6 асистенции, честопати и со повреди. Во последната половина година беше позајмен во Ренџерс каде на 13 натпревари забележа 2 гола и 2 асистенции. Пред тоа, 31-годишниот играч од средниот ред мина долг период во Арсенал, за кого забележа 371 настап со 65 гола и 65 асистенции. За репрезентацијата на Велс има 74 настапи со 20 голови и 9 асистенции.

Ница наскоро ќе објави уште два трансфери, пренесе Фабрицио Романо. Еден од нив е голманот на Лестер, Каспер Шмајхел, кој ќе биде земен за само 1 милион евра на тригодишен договор. Другиот е младинскиот репрезентативец на Италија, Матија Вити, за кого Французите ќе му платат на Емполи 15 милиони евра за да го ангажираат дефанзивецот.

Слични содржини